Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во посета на општина Неготино денеска престојуваше амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду со која како градоначалник на општина Неготино остварив работна средба на која се разговараше за отворените можности за заеднички проектни активности помеѓу нашата општина и општини од соседната држава, како и за унапредување на веќе воспоставените релации. Нејзината Екселенција ја запознав со информацијата дека како општина Неготино години наназад имавме и имаме одлична и плодна соработка со  општините Пела и Алмопија со кои работевме и работиме на реализација на повеќе заеднички проекти од интерес на сите граѓани. Меѓу другото, ја информирав амбасадорката Филипиду дека досега комплетно се реализирани проектите BEE-CONOMI за поддршка и развој на пчелни производи во прекугранична област и ЕНПОЛ-ЕЕ за енергетска ефикасност во прекугранична област. Во завршна фаза е реализацијата на проектите WA-MBRELA за заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина и WINE-UP за подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој, притоа искажувајќи ја нашата подготвеност за заедничка реализација и на други проекти. Амбасадорката Филипиду срдечно се заблагодари за реализацијата на средбата и искажа подготвеност преку сопствен ангажман да влијае за остварување на уште позасилена соработка и продлабочување на односите помеѓу општина Неготино и општини од Грција.

Close Search Window