Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Од 6-ти октомври (петок) започна да тече и до 24-ти октовмри (вторник)  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи на 8-ми ноември- Денот на ослободувањето на нашиот град.

Предлог номинација О Б Р А З Е Ц (8 Ноември)

Close Search Window