Денеска остварив работна средба со директорот Рисајд со кого разговаравме за престојните активности на Мировниот корпус на подрачјето на општина Неготино. Имено, близу 30 години во нашата општина и во Македонија континуирано престојуваат волонтери од корпусот кои се сместени во домовите на наши сограѓани кои се пријавиле за тоа. Рисајд истакна дека сите кои волонтирање во Неготино се исклучително задоволни од нивниот престој во нашиот град и со себе секогаш носат позитивни искуства. Во септември во Македонија доаѓаат нови 50 волонтери од кои во Неготино се очекува да пристигнат 12 кои ќе престојуваат во семејства во општината. Како градоначалник го искажав задоволството од досегашната соработка со Мировниот корпус и изразив уверување дека и во иднина истата ќе биде на високо ниво.