Во изминатиот период се изврши реконструкција на фекалната и атмосферската линија на улица Марксова до Здравствен дом Неготино.
На фекалната канализација извршени се работи во должина од 400 метри, додека должината на атмосферската линија е 130 метри. Со тоа е решен и приклучен во целост потегот од Тимјанички пат до улица Марксова.
Вредноста на проектот изнесува 1.564.680 денари со вклучен ДДВ, а работите ги изведе фирмата Јопо холдинг.