Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Согласно договорот за одржување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема  се отпочна со активности на повеќе локации.
Така, извршена е реконструкција и поставени се нови реквизити на детското игралиште кај Музејот на град Неготино, а следува реконструкција и на детското игралиште во населбата Саат кула.
Сите материјали кои се поставуваат треба да бидат со одобрени сертификати и истите да бидат одобрени од надзорот – Студио Архивисион од Скопје.
Се апелира до корисниците да ги чуваат и одржуваат во исправна состојба, бидејќи тоа е од заеднички интерес за сите граѓани.
Close Search Window