Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/02) член 110 став 2 од Законот за заштита и спасување ( „ Службен весник на РМ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16, 106/16 и 83/18 и „Службен весник на РСМ “ бр. 215/21 ) а во врска со Одлука заутврдување на персоналниот и материјалниот состав на силите за зашта и спасува начинот на раководење и командување со силите за заштита и спасување и командите („ Службен весник на РМ бр.124/06 “ ), Советот на општина Неготино на седницата одржана на ден 10.07.2024 година го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За формирање на Штаб за заштита и спасување на Општина Неготино
Член 1
Се формира Штаб за заштита и спасување на територијата на општина Неготино во состав:
- За Командант на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува: Гордана Јованова – Советник во Советот на општина Неготино;
Заменик – командант : Фанка Мингова Јанчева – овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино
- За Началник на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува : Марија Нацева – Секретар на Општина Неготино ;
- За помошници на Началникот за :
- Оперативни работи : Стојче Атанасов – командир на ТППЕ Неготино
- Заменик: Димитар Ташев – заменик командир на ТППЕ Неготино
- Хуманитарни мерки за заштита и спасување: д-р Цветанка Димова – лекар општа пракса
- Згрижување и евакуација : Марјан Грнчаров – командир на ПС ОН Неготино
Заменик: Борче Јанев – инспектор за прифат –сменоводител во ПС ОН Неготино
- Технички мерки за заштита и спасување:
- Заштита и спасување од пожар : Пане Трајков – раководител на РЦУК Неготино
Заменик : Митко Ѓорѓиев – директор на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Заштита и спасување од поплави: Лазар Најдов Чолак – советник во Советот на општина Неготино
- Помошен персонал
- Изврштел – администратор : Ристе Донев – Виш систем администратор во општина Неготино
Заменик : Николина Панова – раководител на одделение за правни и општи работи во општина Неготино
- извршител – записничар: Анастасија Стојанова – советник за правни работи
- извршител- курир/возач : Ристе Стојановски – доставувач во општина Неготино
- извршител – возач/курир : Јане Мелов – возач во општина Неготино
Член 2
Со донесувањето на ова Решение престанува да важи Решението бр. 08-210/14 од 30.04.2019 година ( Службен гласник на општина Неготино бр.04 / 19).
Член 3
Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „ Сужбен гласник на општина Неготино “ .