Во организација на Шаховскиот клуб Неготино и општина Неготино, а во рамки на одбележувањето на празникот на општината, се одржа турнир во брзопотезен шах.
Победник на турнирот е Санде Атанасов со освоени 6,5 поени и добитник на диплома и парична награда од 5,000 денари, второпласиран е Милорад Давидовиќ со награда од 3.000 денари, додека третото место го освои Сашо Ванчов и награда од 2.000 денари. Диплома и книги добија најмладиот и највозрасниот учесник на турнирот.
Наградите на најдобрите им ги врачи претседателот на Шаховскиот клуб Неготино Трајко Недев.