Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На ден 18.02.2023 година  со над 200 учесници во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје се одржа VII –седмата  традиционална манифестација „Пчеларски ден-знаење и дружење“-во организација на Здружението за заштита на македонска пчела,,Македонска пчела,,-с.Негорци-Гевгелија

На настанот свое активно учество имаа 5 пчелари од Пчеларското здружение,,Неготински мед,,-Неготино и тоа: Миле Тошев,Драги Павлов,Славе Петровиќ,Орце Василев и Марјан Нојков. Домашни и странски експерти и научни работници на  пчеларите  им преставија значаен дел од современите технологии на пчеларење како и најновите достигнувања во модерното пчеларство.

Посебен интерес имаше за презентацијата од Проф.Д-р Слободан Долашевиќ од Р.Србија-доктор по пчеларски науки,професионален пчелар и иноватор со темата,,Мој начин на пчеларење,,.

Close Search Window