Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева изврши увид на градежните активности кои интензивно се одвиваат и се однесуваат на асфалтирање на улица во Криволак. Станува збор за асфалтирање на улица во должина од 223 метри и со вредност на работите од 3.243.000 денарии, а во рамките на овој проект се изведуваат и пристапни влезови до семејствата кои живеат на оваа улица.
Градоначалничката Нацева информираше дека ова е уште еден проект кој беше аплициран на вториот јавен повик и финансиран од Владата на Република Македонија кој е во завршна фаза на реализација.


