Во рамките на програмата за одбележување на празникот на општина Неготино 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на градот се одржаа и традиционалните улични трки.
Прекрасното време овозможи идеални услови за одвивање на трките на кои најнапред продефилираа нашите најмлади сограѓани од трите клона на градинката Фемо Кулаков, а потоа следуваа трките со учество на голем број ученици од основните училишта и средното училиште.
За најдобрите беа обезбедени признанија и медали.