Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Проектот „Националната платформа за женско претприемништво“ спорведува низа состаноци низ територијата на нашата земја со цел да се запознае со моменталната состојба на женското претприемништво и да се креираат мерки за подобрување на женското претприeмништво, а еден таков состанок се одржа и во Неготино. Имено, во рамки на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“ кој што е имплементиран од страна на Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, а кофинансиран од Европската унија, на информативниот состанок во нашиот град беа презентирани планираните иницијални активности поврзани со развојот на женското претприемништво во општина Неготино. Главната цел на состанот беше запознавање со целите на Националната платформа за женското претприемништво, увид во моментална состојба на овој план, како и планирање на акции за спроведување на локално ниво.

Close Search Window