Стотици ученици од двете основни и средното училиште од градот и дечиња кои престојуваат во трите клона на неготинската детска градинка беа дел од традиционалното дефиле под маски во рамки на манифестацијата „Маскенбал-2026г.“ – настан исполнет со креативниост, безброј насмевки и позитивна енергија.
Сите учесници кои продефилираа низ улиците на градот, упатувајќи се кон градскиот плоштад каде што се одржа централниот настан, се претставија со оригинални и интересни единечни и групни маски
На бината на плоштадот присутните на настанот имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма во чии рамки учесниците се претставија со музички и денс точки и изведби на хумористични скечеви
Честитки и благодарност до сите кои на еден или друг начин придонесоа за успешна реализација на годинашниот маскенбал на задоволство на сите присутни кои по улиците на градот и на градскиот плоштад ја проследија денешната манифестација.


