Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во Неготино денеска се одржа работна средба на која беа презентирани можностите за економско осамостојување на младите и невработените преку воспоставување бизнис-инкубатор во напуштени објекти како визија за поттикнување на младинското претприемништво и на локалниот развој. Марија Нацева-секретар на општина Неготино ги поздрави присутните и истакна дека локалната самоуправа во секое време е отворена за соработка и подготвена да излезе во пресрет на потенцијалните барања кои ќе произлезат од работната средба и понатамошните активности на засегнатите страни. На средбата беше истакнато дека нашата општина има голем потенцијал за спроведување на иницијативите за формирање на социјални претпријатија и на бизнис-инкубатор што ќе придонесе за зголемување на економскиот раст и егзистенцијално осамостојување на млади, невработени и корисници на социјална помош. Целта на присутните е да им помогнат на заинтересираните млади за преточување на нивните идеи до реализација, но за тоа е потребно донесување на Закон за социјално претприемништво преку кој ќе се прецизираат формите на делување на заинтересираните, а самиот состанок беше искористен за споделување на сознанија, размислувања, предлози и идеи од страна на присутните на истиот.

Close Search Window