Во рамки на проектот “Локалните власти на патот кон одржлива урбана мобилност во јадранскиот/јонскиот регион” На 31.07.2025 година во големата сала на општина Неготино се одржа и последната трета сесија од трите предвидени сесии Living Lab со Цел: Ко -креирање на идеи и мали решенија за одржлива и инклузивна мобилност во Неготино, со фокус на можности за подобрување на урбаната мобилност во Неготино, преку два фокуса: велосипедизам и туризам, и јавен превоз и инфраструктура.
На сесијата се одржа отворена дискусија за тоа кои решенија се најреални, најпотребни и лесно пилотирачки како и идентификување на следни чекори.