Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино во соработка со УНДП започна со реализацијата на проектот за реконструкција на тротоари на ул ,, Маршал Тито“ и изведба на спуштени тротоари. Покрај активностите на потегот од градскиот стадион до триаголникот, започнаа активностите за реконструкција на тротоарот на потегот од спојот на ул ,,Маршал Тито“ со улица „Васка Калајџиска“ до спојот на главната со улицата „Манчо Малиминов“ или од градската библиотека до постојката спроти зградата на општина Неготино во одлжина од 330 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.259.710 денари без ддв, изведувач на работите е Павер трејд, а надзорот го врши Студио Архивисион од Скопје. Се замолуваат пешаците кои се движат на овој потег да го користат спротивниот тротоар, а возачите на претпазливо возење на своите превозни средства.

Close Search Window