Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино потпиша меморандум за соаботка со компанијата Мен енд Маунтен ДОО која е организатор и идеен творец на активноста „Генералка викенд“- најголемата еколошка акција во историјата на нашата држава, но и пошироко на просторот на Западен Балкан. Организаторите го имаат создадено проектот „Зелена сончева“ во 2021 година кој е поделен на два дела-првиот „Генералка викнед“ што претставува пролетна акција за чистење на отпад и се одржува секој втор викенд во мај и „Сончева гора“ акција за садење на дрвја секоја наредна есен. Овој проект, како што беше истакнато при потпишувањето на меморандумот, во Македонија успешно се спроведува во изминатите 3 години и секоја година бројот на општините кои се вклучуваат во истиот постојано расте. Со потпишувањето на меморандумот од наредната 2024 година во проектот ќе се вклучи и општина Неготино, а за предвидените активности со проектот граѓаните ќе бидат благовременоинформирани.

Close Search Window