Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е достапен извештајот за Стратегиска оцена за животна средина на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на сепаратно построение и други помошни придружни објекти на КП 65 КО Курија –Општина Неготино со тех.број 29-02/12 од 09-02-2012.Скопје ,која е достапна за увид од 15.02.2012 година до 15.03.2012 година во просториите на Општина Неготино, ul.”Ацо-Аџи Илов” 2, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на студијата во писмена форма до одговорните лица за kontakt во општина Неготино до 15.03.2012 година.
Во Општина Неготино, можете да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на Животна средина на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на сепаратно построение и други помошни придружни објекти на КП 65 КО Курија –Општина Неготино со тех.број 29-02/12 од 09-02-2012.Скопје, исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk
На15.03.2012 година ќе се одржи Јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена за животна средина во просториите на општина Неготино во 13 часот.