Соопштение !!!
Поради појава на нов пожар во близина на населеното место Црвени Брегови, апелирам на голема внимателност на сите кои се движат на овој патен правец. Во моментот се координираат сите надлежни служби со цел да не се дозволи поголемо проширување на истиот.
Воедно упатуваме и апел до сите граѓани кои патуваат со своите моторни возила или пак се движат во предели каде има шума или сува трева да не фрлаат запаливи предмети и отпадоци ( отпушоци ) во интерес на општата безбедност на заедницата.