Се известуваат жителите на општините кои гравитираат околу Армискиот полигон Криволак дека во недела на 5-ти април ќе се реализираат вежбовни активности за обука и дневно – ноќни гаѓања на самиот полигон.
Токму затоа се информираа населението дека во реоните каде што ќе се спроведуваат активностите е забрането движење на луѓе, возила и стока, како и допирање на проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се најдат истите да се пријават во најблиската Полициска станица или во АП Криволак.
Вежбалиштата на кои ќе се реализираат вежбовни активности ќе бидат одбележани согласно законските прописи на Армијата.

