Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   На ден 28.07.2011, во 11.00 часот во салата на општина Неготино ќе се одржи Јавна расправа за промоција на Стратегијата за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата, која е работена во рамките на проектот: Социјална инклузија и човекови права, кој општина Неготино го спроведува во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман.
   Дневен ред на настанот:
–  Отварање на настанот од страна на модератор од општината
–  Поздравно обраќање од градоначалникот  – Пане Трајков
–  Говор од БИМ ФВ Проект – Менаџер – Делова Петранка
–  Презентација на процесот на стратешко планирање од претставник од општината – Кртева Слободанка
–  Презентација на наодите од Основната студија  – Кртева Слободанка
–  Презентација на стратешките цели, мерки, временски рамки, буџет и др. Од локалниот консултант – Марина Димова
–  Прашања и одговори
–  Заклучок и поднесување на стратегијата до Советот на општината за усвојување
Close Search Window