Градоначалникот на Општина Неготино Донесе ОДЛУКА за организирање на јавна анкета и Јавна презентација на
-Нацрт – Локална урбанистичка планска документација за изградбана сепаратно построение и други помошни придружни објекти на кп 65 КО Курија Општина Неготино со плански период 2012-2022 со тех број 2679 од јануари 2012 год. изработен од ,,Дизајн центар инжинеринг,, Кавадарци.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање Градоначалникот организира Јавна анкета од 15-02-2012 до 28-02-2012год. и Јавна презентација на Нацрт – планот.
Јавната презентација ќе се одржи на ден 28-02-2012 год. во 13 часот во големата сала на Општина Неготино.
Нацрт- Планот е изложен во просториите на Општината Неготино
Ви се молиме за присуство.
Покана за Јавна презентација