Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Празнувањето на 8- ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино започна со прием на делегации во кабинетот на градоначалникот, а потоа беше положено цвеќе на спомен бистите на паднатите борци од НОБ и жртви во воени конфликти.
Се изврши и увид во градежните работи на два капитални објекти кои општина Неготино ги реализира и тоа изградбата на новиот затворен градски пазар и комплетното уредување на УБ 5, Урбана заедница 5, 1.
Се одржа и свечената седница на советот на општина Неготино на која како градоначалник на општина Неготино имав пригодно обраќање пред присутните на настанот, обраќање во кое во кратки црти информирав за се она што како локална самоуправа го реализиравме во изминатата година, додека преку презентација на аудио видео материјал присутните имаа можност подетално да се запознаат со реализираните проекти и активности во периодот помеѓу двата празника.
На свечената седница беа доделени признанијата и наградата по повод 8- ми ноември, а присутните имаа можност да уживаат во прекрасното музичко доживување кое го доловија учениците и наставниците од Основното музичко училиште Владимир Арсовски од нашиот град.
Close Search Window