Оваа година се одбележуваат 80 години слободно живеење на Неготино. Со тридневна програма општина Неготино ќе го одбележи 8-ми ноември – Денот на ослободувањето, а настаните ќе се одржат на 7,8 и 9 ноември. Сите настани од програмата се од отворен карактер и на истите можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.