Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На пригодна свеченост што се одржа во просториите на училиштето беше означено завршувањето на реконструкцијата на зградата на СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ” во Неготино.
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Неготино и добротворната фондација Тиекс за реновирање на зградата на училиштето и подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес, во изминатиот период се одвиваа градежни активности.
Се извршија поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, поставување на галериски прозорци и поправка и молерисување на ѕидовите.
За оваа намена беа потрошени средства во висина од 109.240 евра. Од мое лично име како градоначалник и од име на општина Неготино упатив јавна благодарност до донаторот со надеж дека соработката ќе продолжи и на други полиња.
Close Search Window