Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во текот на наредниот летен период како дел од предвидените програмски активности на Општина Неготино, ќе бидат организирани широк спектар на културни, спортски и други настани кои ќе придонесат за збогатување на културно-забавниот живот во општината. Оваа година како дел од манифестацијата Спортско – културно лето “Неготино 2023”, која по втор пат ќе биде организирана во општината, граѓаните ќе имаат можност да проследат различни културни и спортски содржини, меѓу кои повеќе турнири во различни спортови, изложби, концерти и други настани. Дел од манифестацијата ќе биде и познатата “Неготинската музичка вечер 2023”, во рамките на која ќе настапат повеќе познати музички ѕвезди, а истата ќе се одржи на градскиот плоштад на 16 септември (сабота).
Спортско-културно лето “Неготино 2023” започнува во недела (09.07.) со натпреварите на меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов 2023”.
Повеќе информации за секој од предвидените настани Општина Неготино ќе објавува пред започнувањето на секое од планираните случувања.
Ги покануваме сите граѓани на Општина Неготино ова лето масовно да ги посетат предвидените настани и да уживаат во понудените содржини.

Close Search Window