Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Манифестацијата Спортско-културно лето “Неготино 2023”, која ја реализира општина Неготино заедно со бројни граѓани, здруженија, установи и спортски колективи од општината, продолжува со одржувањето на уште два одлични спортски настани: меѓународниот турнир во фудбал за младински категории “Фелер куп 2023” кој што ќе се одржи на градскиот стадион на 26 и 27 август (сабота и недела) со учество на младински екипи од Македонија и од странство и традиционалниот турнир во улична кошарка “Street ball 2023” кој повторно се враќа на градскиот плоштад во Неготино. “Streetball 2023” кој во изминатите години го привлекуваше вниманието на граѓаните од општината и пошироко, ќе се одржи во периодот од 29 до 31 август (вторник – четврток) на градскиот плоштад, со цел да понуди добра кошарка, многу музика, одлична забава и уживање за посетителите. Во тек е пријавувањето на екипите за учество на “Streetball 2023”, а истото може да се направи на телефонските броеви 076/808-560 и 072/320-842. Екипите пријавуваат вкупно 4 играчи, а истите во зависност од возраста и полот ќе бидат класифицирани во три конкуренции: машка (сениорска и јуниорска) и женска конкуренција. Општина Неготино обезбеди богат награден фонд за најдобрите екипи и поединци на турнирот.

Close Search Window