Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Од Јавното претпријатие за паркирање „Паркинзи“ Неготино ја информираат јавноста, а посебно моторизираните граѓани, дека по предходно извршените подготвителни активности во делот на одбележувањето, од денеска во функција се ставени нови 70 паркинг места од кои 67 обични и 3 за лица со инвалидитет. Истите се лоцирани долж главната градска улица „Маршал Тито“, а со наплатата за користење на паркинг просторот на овој потег ќе се започне од среда 14-ти овој месец. Според одговорните во „Паркинзи“, покрај постоечките 215 и новите 70, во моментов во Неготино сопствениците на моторни возила на располагање имаат вкупно 285 паркинг места, со тенденција оваа бројка да достигне 400 паркинг места.

Close Search Window