Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП3 со основна класа на намена Г3 – Индустрија за склопување на финални производи, сервисни услуги и производство на енергија од обновливи извори на КП 3891/2 и КП3891/4, Ко Неготино, Општина Неготино

Границите на проектниот опфат се:
– на североисток КП 3891/5 , КП 3891/1
– на југоисток КП 3891/3
– на југозапад КП 3892
– на северозапад КП 3894/1, КП 3890/2

Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 2261,12 м2 или 0.226 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 18.10.2024 до 01.11.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

11-96-11-Соопштение

анкетен лист 11-96

 

Close Search Window