Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.1015/1, КП бр. 1006/4, КП бр.1006/3 (КО Дуброво) – Општина Неготино
Проектниот опфат минува низ делови до КП бр.1015/1, КП бр.1006/4 и КП бр.1006/3 (КО Дуброво) – Општина Неготино. Површината на проектниот опфат изнесува 167.83 м2 или 0.01 ха. Предметниот проектен опфат географски припаѓа на Општина Неготино.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 20.02.2026 до 16.03.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.
0302-30-24 UP KEC Kavadarci – Duborovo IV faza_compressed

