ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева додели благодарници за придонес во успешното организирање на Неделата на виното по повод

Градоначалничката Нацева додели благодарници за придонес во успешното организирање на Неделата на виното по повод

Денеска градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева додели благодарници на сите кои дадоа придонес за успешно организирање и спроведување на настаните од манифестацијата ,, Недела на виното ” по повод празникот Св. Трифун, а воедно и јавно им се заблагодари на помагателите и учесниците на многубројните активности. Според Нацева, настаните беа беспрекорно организирани, со масовна посетеност на истите, голем број на гости од земјава и странство, а сето тоа за неа како градоначалничка и за општина Неготино претставува дополнителен мотив и стимул до година да се организира уште поквалитетна манифестација.

Благодарници им беа доделени на винарските визби Вардарска долина, Парагон, Венец, Пивка, на семејните винарии Орешкови, Налеј, Банго, Сотировски, Максимилијан, Михов, дестилерија Слоган, на Домашен неготински маџун, домашен маџун Лазарови и домашен маџун Филипов, М-р Игно Тасев од ТМФ Скопје.

Благодарници добија и Музеј на град Неготино, ЈП Комуналец, Фолклорен ансамбл Ацо Ѓорчев, Здружение на винари Македонија, ОВР Неготино, Брза помош Неготино, ТППЕ Неготино, ЈП Паркинзи, Детска градинка Фемо Кулаков и ЗП Актив на жени Неготинијана Неготино.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email