Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели кои се градат на земјиште) со мoќност до 10 МW на КП 710/2, КП 710/4, КП 710/6, КП 589/19, КП 715, КП 716/1, КП 716/4, КП 717, КП 723/2 и делови од КП 710/5, КП 589/1, КП 589/3, КП 589/4, КП 716/3, КП 589/23, КП 723/1, КП 727/1 КО Криволак, Општина Неготино
Границите на проектниот опфат се:
– Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели кои се градат на земјиште) во целост ги опфаќа КП710/2, КП710/4, КП710/6, КП589/19, КП715, КП716/1, КП716/4, КП717, КП723/2 и опфаќа делови од КП710/5, КП589/1, КП589/3, КП589/4, КП716/3, КП589/23, КП723/1, КП727/1 КО Криволак.
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 66 127 м2 или 6.6 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 16.10.2024 до 30.10.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.