Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

                                                            О Б Ј А В А

    Се објавува дека сите заинтересирани превозници кои вршат јавен линиски превоз на патници на територијата на општина Неготино, можат да достават понуда до надлежниот орган при општина Неготино за  добивање на линии за вршење на општински линиски превоз на патници.
Право на доставување имаат сите правни и физички лица регистрирани за вршење на ваков вид на превоз.

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:


•    Да е впишан во централниот регистар на РМ и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници  во патниот сообраќај;

•    Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила  или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници;
НАПОМЕНА: Општински линиски превоз може да врши домашен превозник кој е сопственик или  има договор за лизинг на едно  возило по линија со 16+1 седиште и едно возило 8+1 седиште кои ги исполнуваат техничките стандарди за вршење на превоз на патници.
    Доколку за определена линија не се јави ниту еден превозник кој е сопственик на најмалку едно регистрирано возило или  има договор за лизинг за возила со најмалку 16 + 1 возило, што ги исполнуваат техничко – експлотационите услови, во тој случај согласно член 22 став 1 алинеа 7 од Законот за превоз во патниот сообраќај, за определена линија може да конкурираат превозници кои имаат во сопственост две или повеќе регистрирани комби возила со најмалку девет седишта (8+1).
•    Копија од сообраќајната дозвола на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар;
•    Потврда од станицата за технички преглед за исполнување на техничко експлоатационите  карактеристики на возилото;
•    Да има вработено возачи во редовен работен однос во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило со приложување на копии од М1/М2 образец и потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси за последните шест месеци од денот на поднесување на барањето не постара од 30 дена;
•    Потврда за платен персонален данок и потврда од надлежен орган за помирени јавни давачки спрема државата;
•    Да има добар углед односно доставување на потврда од надлежен Суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај не постара од шест месеци;
•    Доказ дека има обезбедено соодветен простор за паркирање и одржување на возилата;
•    Во возилото со кое се врши превоз да има вградено фискален апарат;
•    Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има Сертификат за професионална компетентност;
•    Предлог утврден возен ред за определена линија;
•    Понудена цена за предложениот возен ред за определена линија;
Рокот за поднесување на понудите е најдоцна до почетокот на јавното отварање.
Линиите на кои ќе се врши општински линиски превоз на патници се следните:

Број на линијата                      Назив на линијата
   Линија 6                  Неготино – с.Дуброво – с.Војшанци
   Линија 7                      Неготино – с.Црвени Брегови
   Линија 8                           Неготино – с.Курија

Критериум за избор на превозникот и издавање на дозвола се:
•    Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила со 16+1 седиште  (15 бода);
•    Најниска просечна старост на возилата  (20 бода);
•    Поголем број на вработени  (10 бода);
•    Соодветен стручен кадар (технички науки), одржување и поправки на возилата, како и за квалитетно вршење на превоз  (15 бода);
•    Најдолго време врши јавен превоз на патници  (10 бода);
•    Најниска понудена цена на чинење на возниот билет за бараната линија во еден правец  (30 бода).
Понудите за горенаведените линии треба да бидат во затворено плико без никакви видливи ознаки од превозникот.
Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не се комплетни нема да бидат разгледувани.
Комисијата ќе се состани на ден   06.08.2012 год.(Понеделник) во 12 часот  во просториите на општина Неготино.  

Close Search Window