Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Во рамките на петтото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 26 јули (четврток) со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи “Вечер на афоризми” со учество на десетина реномирани афористичари од државата. Во рамките на истата манифестација на 27 јули (петок) со почеток од 21 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажан големиот светски филмски хит “Невозможна мисија 4” со Том Круз во главната улога.
Општина Неготино ќе биде една од дваесетте општини во државата во која што ќе се одржи оваа манифестација. Во втората фаза од истата, на 23 август со почеток од 21 часот ќе биде прикажан светскиот филмски хит “Фокерови” со Роберт де Ниро и Бен Стилер во главните улоги, на 29 август на градскиот плоштад со почеток од 21 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да го проследат концертот на националниот ансамбл “Танец”, а на 31 август ќе биде реализирана изложбата на слики на академскиот сликар Ристе Соколов, со музичка придружба на Пламенка Трајковска – виолина.

 

 

 

Close Search Window