Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Се известуваат индивидуалните производители на вино и ракија од општина Неготино дека по повод одбележувањето на верскиот празник “СВ. Трифун“ во рамките на манифестацијата “ Недела на виното “ на 11- ти февруари ќе се одржи дегустација на вина и ракии. Сите заинтересирани производители кои имаат намера да учествуваат со сопствено произведени вина и ракии, потребно е да донесат мостри и тоа по еден примерок ракија и по два примерока од бело и црвено вино. Мострите ќе се примаат секој работен ден во просториите на “ Желкова Куќа“ на втори спрат во времето од 8.30 до 11.00 ч. заклучно со 10-ти февруари. Контакти можат да се остварат на телефон 072/320-833 со лицето Ивица Златковиќ. Мострите ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручна комисија, а за најдобрите вина и ракии ќе бидат доделени пригодни награди.

Close Search Window