Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Почитувани,

Ве известуваме дека на предлог на Министерството за економија,  Владата на Република Македонија  на седницата одржана на 5.01.2011 година ја  усвои

Програмата за имплементација на индустриската политика во Република Македонија  за 2011 година

Согласно Програмата Министерството за економија ќе надоместува дел од трошоците на деловните субјекти за следните намени:

·         зајакнување на капацитетите и за  развој и имплементација на проекти за  создавање на конкурентни производи

·         развој на пазарот

·         технолошки развој

·         обуки за еколошко производство

·         вработување на млади истражувачи

·         комерцијализација на патентирани иновации

Во прилог Ви се доставува Програмата за имплементација на индустриската политика во Република Македонија за 2011 година, Јавниот повик и формулари -пријава и барање кои се достапни на ВЕБ страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk

Јавен повик – Индустриска политика

Пријава и барање согласно Програмата за Индустриска политика 2011

 Програма за имплементација на индустриската политика 2011

Со почит,

Oпштина Неготино

Close Search Window