Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

 Општина Неготино во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република  Македонија (АФПЗРР) организира работна средба, со цел запознавање и презентирање на можностите и активните програми на Агенцијата, кои се од интерес за потенцијалните корисници.

Согласно акциониот план за посета, предвидено е средбата да се одржи на 01.07.2013 (понеделник) во 11.00 часот во салата за состаноци во општина Неготино.

Се повикуваат сите заинтересирани лица, жители на општината, односно потенцијални корисници на програмите за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој на АФПЗРР да присуствуваат на оваа средба.
                                                                                             

Close Search Window