Општина Неготино која и оваа година се јавува во улога на организатор на традиционалната манифестација ,, Неготински панаѓур ,, следејќи го примерот на другите локални самоуправи кои организираат слични манифестации од масовен карактер, врз основа на одлуката на Советот на општината донесе решение за наплата на паркинг-просторот како надомест за користење на јавни површини за време траењето на панаѓурот и тоа како за лицата кои со возила ќе доаѓаат од страна, така и за граѓаните на општина Неготино кои со сопствени возила ќе излегуваат на панаѓурот. Користењето на паркинг-простор за патнички моторни возила ќе се наплатува по 50 денари од ден, а за комбинираните и товарните возила по 100 денари од ден. Како добри домаќини, локалната самоуправа ги замолува граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ставре Ставров и Ацо Аџи Илов во деновите на одржувањето на Неготинскиот панаѓур, сабота, недела и понеделник, да ги отстранат и да не ги паркираат возилата на споменатите улици. Со цел за елиминирање на можноста од создавање сообраќаен метеж,за регулирање на паркирањето на возилата за време на панаѓурот ќе се грижат посебно за тоа формирани служби од локалната самоуправа Неготино и Јавното претпријатие Комуналец со асистенција на припадници од Полициската станица во градот.