Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Општина Неготино објави отуѓување на градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање при што на продажба се нудат 6 градежни парцели на катастарската парцела број 1000 со намена за лесна индустрија и стоваришта од кои 3 парцели за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи  со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, како и 3 парцели за изградба на објекти од лесна индустрија со почетна цена од 148 денари за метар квадратен. На продажба се и 7 градежни парцели во катастарските општини  Неготино, Црно поле и Црвени брегови за изградба на винарии со почетна цена од 148 денари за метар квадратен, како и 2 парцели наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање ги доставуваат во писмена форма за секоја градежна парцела поединачно во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од истата. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 18-ти октомври оваа година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 22 октомври на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk.  Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во општина Неготино или на телефонскиот број 043-361-045 од 8 до 16 часот.
Close Search Window