Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Општина Неготино во координација со Миистерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Асоцијацијата Ајде Македонија планира и активно се вклучи во  спроведување на проектот “Македонија без отпад 2013“.Овој проект има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за подршка на граѓаните и сите засеганати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нашата оптштина.На 5ти октомври 2013 година (сабота) со почеток од 9,30 часот општина Неготино планира одржување на оваа акција за чистење и развивање на свест околу отпадот.Во реализирањето на овој проект активно се вклучени ЈП Комуналец, ЦУК- Неготино,ДПТУ Рециклинг,Центар за посебни потреби Порака, наставници и ученици од двете основни училишта “Страшо Пнџур“ и “Гоце Делчев“ во Неготино како и средношколскиот училишен центар “Св.Кирил и Методиј“ преку изведување на активност на собирање на отпад од хартија и пластика , нивно селектирање во соодветни кеси за собирање, како од училиштата , така и од јавни површини во градот.Предмет на чистење  ќе бидат СРЦ Младост,Спомен костурницата , влезот и излезот од градот на главните сообраќајници – улиците Маршал Тито и Партизанска. Исто така се планира расчистување на дива депонија на дел од локалниот патен правец Неготино – с.Курија  со ангажирање на соодветна механизација од страна на општина Неготино и ЈП Комуналец.За поголема успешност во реализирањето на оваа акција ги информираме граѓаните и невладините организации и други правни и физички лица кои сакат да се приклучат на спроведување на овие активности да се пријават во општина Неготино најкасно до 04.10.2013 година (петок).За сите подетали информаци можете да се обратите кај вработените лица од општина Неготино задолжени за реализација на овој проект  и тоа Вељанов Бранко со контакт телефон 070/376 749 и Петров Ванчо со контакт телефон 072/250 976.

Close Search Window