Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Г3 – Индустрија за склопување на финални производи, сервисни услуги и производство на енергија од обновливи извори на КП3882 КО Неготино, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:

– на североисток КП 3883

– на северозапад КП 3888

– на југозапад КП 3881

– на југоисток КП 4208

Опфатот е со површина  од  2194.427 м2 или 0,219 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 23.08.2023 до 06.09.2023 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

Анкетен лист за Јавен увид

1b.УП -КП 3882, КО Неготино_compressed

 

Close Search Window