Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е
    Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со  плановите, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

       На Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УРБАНА ЗАЕДНИЦА  4 за  дел од УБ 4.2  плански опфат помеѓу ул.“ Илинденска “, ул. “ Вељко Влаховиќ “ и ул.“ Кирил и Методиј “ НЕГОТИНО  Општина Неготино  со тех.бр.22/15  август 2015 од 2,1 ха.  изработен од Друштво за планирање , проектирање  и инженеринг ПРОСТОР доо Куманово.    
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   09-10-2015 до 26-10-2015 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  20-10-2015  година во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
За Јавната анкета во определениот рок  заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Close Search Window