Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог планот – Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбаназаедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино,
општина Неготино
Граници на опфатот сe: на север ул.„Маршал Тито“, на исток граница на КП број 10161/2, 10161/1,10166, 10167 и дел од 10170, на југ е граница на КП број 10171 и крак на улица “ЈНА“ и на запад граница на КП број 10164.
Опфатот е со површина од 1427 м2.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот – Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбана заедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино, општина Неготино, со технички број 04-274/2019 од јуни 2019 година, изработен од ,,ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 08.07.2019 година до 19.07.2019 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.07.2019 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.