Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 ‐ Површински соларни фотоволтаични електрани на КП‐431/1, дел од КП431/2, КП‐432/1, КП‐432/2, КП‐432/3, КП‐432/4, МВ Рудина, за КО Војшанци, Општина Неготино
Јавниот увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 ‐ Површински соларни фотоволтаични електрани на КП‐431/1, дел од КП431/2, КП‐432/1, КП‐432/2, КП‐432/3, КП‐432/4, МВ Рудина, за КО Војшанци, Општина Неготино, со технички број 04-263/2020 од мај, 2021 година, изработен од ТДПИГК „ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на Урбанистичкиот проект во општина Неготино.
Јавниот увид ќе трае 15 (петнаесет) дена и тоа од 05.07.2021 година до 19.07.2021 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат забелешки.