И оваа година на 21, 22 и 23 септември ( сабота, недела и понеделник ) во Неготино ќе се одржи традиционалната стопанска манифестација ,, Неготински панаѓур 2024 г. “.
Советниците во Советот на општината на вонредна седница ја донесоа Програмата за постигнување на урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино.
Локациите за поставување на урбаната опрема се поделени на 6 зони во зависност од местоположбата.
Се информираат правните и физичките лица кои се заинтересирани за времено користење на урбана опрема за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур дека барањата за добивање локација можат да се поднесуваат од понеделник 16-ти септември во салата за состаноци на општина Неготино.