Синоќа заврши 14-тото по ред издание на турнирот во табла “Неготино опен 2024”, кој беше дел од празничната програма организирана во чест на Денот на градот – 8ми Ноември. Во силната конкуренција со учесници од сите генерации, на турнирот беа одиграни интересни партии, а најдобрите учесници по систем на елиминација се пласираа во завршницата. Победник на 14-тото издание на турнирот е Трачје Михајлов, кој по втор пат е победник на овој настан. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 10.000 денари, додека второпласираниот Стојче Станков кој беше поразен во финалето, доби диплома и парична награда од 6.000 денари. Третото место му припадна на Миле Стефанов кој забележа победа во малото финале и заработи парична награда од 2.000 денари.