Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЕНПОЛ –ЕЕ|

   Денес во општина Неготино се одржа третиот по ред информативен ден на тема „ Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во општина Неготино и прекугранична област “ во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ- Општина Неготино.
Во рамки на спроведувањето на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина “ планирано е одржување на 5 информативни денови на кои се очекува да се даде одговор на прашањето: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика на нивните теории, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност !
Досега реализирани активности од овој проект е замената на 1410 стари улични светилки со нови лед во градот и населените места, дислоцирани се 42 мерачи и автоматски стандардизирани ормари надвор од субстаница на ЕВН. За подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, заменети се постоечките прозорци и врати во канцелариите на локалната самоуправа, поставени се енергетско ефикасни светилки, старите радијатори заменети со енергетски радијатори, а поставена е и внатрешна термоизолација.
Инаку, проектот се реализира во партенерска соработка на Општина Неготино, СОУ „ Св. Кирил и Методиј “, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Општина Пела – Република Грција .

     
Close Search Window