Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Веќе извесен период во Криволак се одвиваат активности за изградба на нова улица во должина од 410 метри. Во тек се подготвителните работи, по што изградбата на улицата ќе финишира со нејзино комплетно асфалтирање.
Станува збор за проект кој се реализира врз основа на потпишаниот меморандум за соработка со извршниот диектор на „Ромалитико“ Елвис Шаќири за соработка за изградба на улица во Криволак која е предвидена и во Програмата за комунални дејности на општина Неготино.
При изведувањето на работите општина Неготино финансира 60 отсто од вредноста на работите, а „Ромалитико“ учествува со обезбедување на 40 отсто од потребните средства. Денеска заедно со претставници на „Ромалитико“ извршивме увид во работите на терен и констатиравме дека градежните активности се одвиваат со утврдената динамика и очекуваме мошне скоро изградбата на улицата да заврши со нејзино асфалтирање.
Close Search Window