Во рамките на спроведувањето на редовните наставни активности вон училишната зграда, денеска во градоначалникот кабинет престојуваа ученици од ООУ Гоце Делчев кои ја искористија можноста одблиску и најдиректно да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа. За време траењето на училишниот час во моето обраќање ги запознав со надлежностите и работата на градоначалникот на општина Неготино, на Советот на општината и општинската администрација. Присутните ученици поставија и повеќе прашања што нив ги интересираа, на што со задоволство им ги дадов бараните одговори.