Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Илјадници православни верници од Тимјаник, од општина Неготино и регионот на Повардарието присуствуваа на свечениот чин на пристигнувањето на чудотворната икона на Пресвета Богородица во црквата во Тимјаник.
Иконата, од манастирот Дохијар на Света Гора ја донесоа монаси од овој манастир до влезот на Тимјаник, од каде што со литија беше донесена во црквата ,,Рождество на Пресвета Богородица” каде ја дочека митрополитот Повардарски господин Агатангел и свештеници од МПЦ-ОА.
По пристигнувањето на иконата беше отслужена вечерна богослужба, а присутните имаа можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајка Богородица. Инаку, утре среда 15.05.2024 година во црквата во Тимјаник ќе се отслужи Света Божествена литургија.
Close Search Window