Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-1402/20 од 22 март 2011 година (Службен весник на РМ бр.42/2011) и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2011 година, Општина Неготино објавува
Ј А В Е Н П О В И К
1. Предмет на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за чистење на речни корита согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-1402/20 од 22 март 2011 година (Службен весник на РМ бр.42/2011) и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2011 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои поседуваат градежна механизација и имат интерес да се вклучат во Акцијата за чистење на речни корита да поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила заклучно со ден 12.05.2011(Четврток) во архива на Општина Неготино.
Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :
1.Зоран Лазов
2.Александар Јованов
3. Бранко Вељанов
Со правните лица ќе биде склучен Договор за нивно ангажирање.